Пеколни горештини во мај во Шпанија – температури над 40 степени

Во делови од Шпанија овој мај се измерени температури од над 40 Целзиусови степени – јавува државната метеоролошка агенција „АЕМЕТ“.

Агенцијата предупредува за високите температуи во  10 региони.

Градот Хаен во јужна Шпанија во петокот ја забележал највисоката температура во мај, од 40 степени Целзиусови.

Топлото пролетно време во Шпанија е резултат на воздухот што доаѓа од Северна Африка, предизвикувајќи зголемување на температурите и до 15 степени Целзиусови над просекот за овој период од годината.

Најпогодените региони се Андалузија, Екстремадура, Мадрид, Кастилја Ла Манча и Арагон на североисток.

Температурите во текот на ноќта, исто така, биле невообичаено високи и во петокот навечер се задржале над 25 степени во неколку области.

Научниците велат дека топлотните бранови најверојатно ќе станат почести и поинтензивни ширум светот, бидејќи глобалните температури растат.