Зеленска: Никој нема да ми го земе, дури ни војната!

Олена Зеленска – првата дама на Украина интервју за „Рада ТВ“ заедно со нејзиниот сопруг, претседателот на Украина – Володимир Зеленски. Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, двојката по вторпат видена заедно. Зеленска е скриена поради нејзината безбедност.

„Најлошата мака е војната што започна. Не можам да кажам дека нешто значајно се променило од почетокот на оваа војна. Володимир беше и останува сигурен човек. Неговото гледиште не се промени. Нашето семејство, како и сите украински семејства, сега е раздeлено. Никој нема да ми го земе сопругот, дури ни војната. Тој живее на работа, едвај го гледаме. Воопшто не сме го виделе два и пол месеца, само разговараме на телефон. Досега имавме неколку шанси да се видиме“ рече таа.