Петков и Ковачевски утре ќе се сретнат во Рим

Македонската и бугарската Влада потврдија – премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков утре ќе се сретнат по нивната посета на базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, што ќе следува по приемите што двајцата ќе ги имаат кај Папата Франциск по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

Медиумите во Бугарија објавија дека наводно било разговарано Петков и Ковачевски за време на ова патување да објават напредок во разговорите или решение кое води кон укинување на ветото, но засега за вакво нешто нема потврда ниту од едната, ниту од другата страна.

Бугарскиот претседател Румен Радев се уште не одговора на барањето на бугарскиот премиер Петков да го свика Консултативниот совет за национална безбедност на кој сите политички лидери и раководители на служби ќе разговараат за состојбата со преговорите меѓу Бугарија и Македонија.