Париз ги откажа новогодишните прослави

Француската метропола – Париз ги откажа новогодишните настани на Елисејските полиња, во согласност со новите владини мерки за спречување на ширењето на Омикрон варијантата на коронавирус, објавија тамошните медиуми.

Премиерот Жан Катекс вчера ја соопшти одлуката за забрана на големи јавни настани и огномет за новогодишната ноќ и им препорача на жителите, дури и ако се вакцинирани, да направат тест за Ковид-19 пред новогодишните забави.

Тој денеска изјави дека Омикрон се шири со молскавична брзина и дека најверојатно ќе стане доминантен во Франција до почетокот на следната година.

Во Франција вчера имаше 58.128 новозаразени, а 162 луѓе ја загубија битката со вирусот.