Откорнати покриви, паднати дрвја, превртени камиони – торнадо во Германија

Во северозападниот дел на Германија, поточно во градот Падерборн вчера 40 луѓе се повредени во торнадо што ја зафати областа меѓу градовите Франкфурт и Хамбург.

Информациите од германските медиуми се дека поради последици од невремето бил прекинат железничкиот и патниот сообраќај.

Во градот Липштад торнадото корнело дрвја, а ветрот го разнел и покривот од локалната црква.

„Во невремето се повредени околу 40 лица, од кои најмалку 10 се тешко повредени. Покривите на некои објекти се откорнати и разнесени на километри подалеку или оштетени. Врз уништените автомобили и натаму лежат многу откорнати дрвја“ – соопшти полицијата во Липштад.

Има повик до граѓаните да останат во своите домови.