Османи и Маричиќ се сретнаа со Бон: С. Македонија и Албанија треба да ги почнат преговорите без одложувања!

Бујар Османи и Бојан Маричиќ денеска за време на работната посета на Париз остварија средба со Клеман Бон, државниот секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи на Франција.

Во фокусот на нивниот разговор било европското досие на Северна Македонија, во светло на актуелното француско претседателство со Советот на Европската Унија и во таа насока за потенцијалите на ова претседателство за напредок во нашите европски интеграции.

Соговорниците се согласиле – С. Македонија и Албанија треба да ги почнуваат преговорите за членство во Унијата, без одложувања.

Исто така биле разменети мислења и за сетот на реформи, неопходни за реализација на европската агенда, со посебен акцент на клучните области како што е владеењето на правото, борбата против корупција и организираниот криминал.

Османи и Маричиќ информираа и за создадената нова политичка клима меѓу двете нови влади во Северна Македонија и Бугарија, која покажува една нова енергија, нова иницијатива во нашите меѓусебни односи.

На средбата се зборувало и за актуелните предизвици на целиот континент, со посебен фокус кон состојбите во и околу Украина.