Милошоски: Со колегите од БЕСА сме на заеднички став – измени на изборниот модел

Како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ денеска остваривме средба со пратениците од пратеничката група на БЕСА и остваривме средба со пратеникот Панчо Минов кој што е потписник на предложениот закон за една изборна единица“. Ова денеска во Собранието го изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ – Антонијо Милошоски. Тој посочи дека со колегите од БЕСА се на заеднички став дека треба да има измени во изборниот модел со тоа што разликите се во бројот на изборни единици.

„ВМРО-ДПМНЕ смета дека би било подобро да биде една изборна единица додека ставот на БЕСА е дека три изборни единици. Со пратеникот Панчо Минов имаме заеднички став околу тоа дека една изборна единица би била успешен и репрезентативен модел за целата држава и за граѓаните со тоа што би се разговарало за изборниот праг кој во моментов не е утврден, но главната заложба на сите средби е предложениот закон за измени во изборниот модел што во моментов се чува во фиоката на спикерот Талат Џафери да излезе и да почне со собраниска процедура и да имаме јавна дебата за истиот закон“ – рече Милошоски.