„Многу е рано да се прогласи победа над ковид пандемијата“

Над 56% од населението во соседна Албанија е целосно вакцинирано, но многу рано да се прогласи победа над ковид пандемијата. Ова е ставот на албанската министерка за здравство – Огерта Манастирлиу.

Според неа, досега аплицирани се 2,6 милиони дози вакцина.

Што се однесува до вакцинацијата на популацијата над 16 години, вакцинирани се 56% од оваа популација со една и со две дози.

„Би сакала да започнам со спомнување на она што вчера го кажа генералниот директор на Светската здравствена организација. Рано е да се прогласи победа или да се ослабнат мерките. Во Албанија ситуацијата се проценува многу внимателно. Имаме над 18.000 активни случаи. Врз база на проценки на ситуацијата ќе се носат одлуки“ – рече министерката.

Таа рече дека нема податоци за тоа колку бустер дози биле дадени.