
Османи: Ако се донесе законот за соодветна и правична застапеност-потоп
-Видете, не сум пратеник. Мојата препорака до пратениците е, сум рекол, ако помине тој закон, не знам што ќе правиме понатаму. Пошто за мене после тоа „потоп“, што би се рекло. Да најдат начин, да најдат филибастеринг, да најдат механизам да се одложи таа седница – рече Османи.
По тоа потоп – вака потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, ги опишува последиците од потенцијалното носење на предлог-законот за соодветна и правична застапеност, кој е во собраниска процедура. Во интервју за „360 степени“, Османи рече дека пратениците треба да најдат начин да го запрат носењето на тој закон.
-Видете, не сум пратеник. Мојата препорака до пратениците е, сум рекол, ако помине тој закон, не знам што ќе правиме понатаму. Пошто за мене после тоа „потоп“, што би се рекло. Да најдат начин, да најдат филибастеринг, да најдат механизам да се одложи таа седница – рече Османи.
Според него, овој закон му прави штета на Охридскиот договор.