Премиерот на Унгарија – Виктор Орбан изјави дека Брисел не успева да придонесе во напорите за сузбивање на илегалната миграција. Тој изјави дека Унгарија во моментов работи на заштита на цела Европа.
Унгарскиот премиер изјави дека само минатата година биле уапсени 122.000 лица, кои илегално влегле во земјата, наспроти 45.000 една година претходно, што, според него, покажува дека бројот на нелегални влегувања во земјата се зголемува.
„Проблемот со илегалната миграција е далеку од решен. Напротив, тој ќе биде со нас во следните неколку години“ рече Орбан.
Тој додаде дека мора да се зајакне граничната контрола и да се ангажираат нови сили.
„Потребни ни се што повеќе војници само за гранична контрола, рече Орбан и потенцираше дека Унгарците ги штитат границите на цела Европа, „но Брисел не ни помага во овие напори, туку напротив ни пука в грб“.