Објавен новиот „Амбиент“ на Зоран Иванов

Од печат деновиве излезе „Амбиент“ – книга осма (2025–2026) („lu‑ping“) од Зоран Иванов, еден од доајените на македонското новинарство. Приредувач, редактор и издавач на изданието, како и на претходните книги од серијалот, е Свето Стаменов, политиколог и публицист.

Новата книга е продолжение на повеќедеценискиот серијал „Амбиент“ и претставува хроника на политичките, општествените и медиумските турбуленции во Македонија од периодот на осамостојувањето до денес.

Осмата книга го содржи новинарскиот серијал „lu‑ping“, првично објавуван на порталот „Нова тв.мк“, со сто куси коментарски текстови за актуелни домашни и меѓународни теми, напишани во периодот од јануари 2025 до март 2026 година, како и три текста од рубриката „Post scrip‑um“.

И во ова издание, според Стаменов, Иванов останува препознатлив по својот директен, аналитичен и критички пристап, заокружувајќи уште еден значаен сегмент од својот повеќедецениски новинарски опус.