„Нуклеарната наредба на Путин е опасна и неодговорна“

Јенс Столтенберг – првиот човек на НАТО рече дека наредбата на Владимир Путин до руската војска да ги стави своите нуклеарни сили на повисоко ниво на готовност е „опасна“ и „неодговорна“.

„Ова е опасна реторика. Ова е неодговорно однесување. Се разбира, кога ќе ја искомбинирате оваа реторика со она што тие го прават на терен во Украина – водат војна против една независна, суверена нација, спроведувајќи целосна инвазија на Украина – ова ја зголемува сериозноста на ситуацијата“ – рече Столтенберг.

Претседателот на Русија – Владимир Путин денеска ги стави силите за нуклеарно одвраќање на земјата во „специјална“ готовност.

„Западните земји не само што преземаат непријателски акции против нашата земја во економската област. Зборувам за нелегитимните санкции за кои на сите им е добро познато. Но првите луѓе на водечките земји на НАТО даваат и агресивни изјави и против нашата земја“ – рече Путин.