Нова средба Заев – Гаши

Лидерот во оставка во СДСМ – Зоран Заев и првиот човек на партијата Алтернатива – Африм Гаши денеска ќе имаат нова средба и разговори за тоа дали опозициската партија ќе се приклучи во Владата и парламентарното мнозинство или, пак, ќе остане дел од опозицискиот блок.

Заев и Гаши имаа средба на 19. овој месец и на неа, според информациите, било разговарано за условите и улогата на Алтерантива во новото парламентарно мнозинство.

Централното претседателство на Алтернатива во петокот го овласти Гаши да почне разговори со сите политички актери.

Истиот ден на седницата на Централниот одбор на СДСМ беше констатирана оставката на Заев од лидерската позиција во партијата, но сепак му беше даден легитимитет да ги води преговорите за парламентарното мнозинство.