„Сакам од овде јасно да кажам – за ВМРО-ДПМНЕ, за нас, постојат тато и мајка и деца. Тоа е суштината на македонското семејство“, порача потпретседателот и носител на изборната единица 4 Александар Николоски на денешниот митинг во општина Струмица, во рамки на претседателските избори.
Николоски додаде и рече дека за ВМРО-ДПМНЕ има разлика, а тоа е дека мажите се мажи, жените се жени, и ниту една фондација, ниту едни пари, ниту пак продадени души како тие од СДСМ нема да го променат тоа.
„За нас мажите се мажи, жените се жени, момчињата се момчиња, девојчињата се девојчиња и има здраво да живеат во пристојни семејства, а не да водиме некакви си родови политики. Затоа што она кое што го дала природата ниедна фондација, ниту едни пари, ниту едни продадени души не можат да го променат“, вели Николоски.