Орбан: Пактот за азил и миграција е нов клинец во ковчегот на ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Пактот за азил и миграција, кој претходно денеска го усвои Европскиот парламент, е „нов клинец во ковчегот на Европската унија“.

„Единството е мртво, нема безбедни граници. Унгарија нема да попушти пред лудилото на масовната миграција. Потребни се промени во Брисел за да се запре миграцијата“, напиша Орбан на социјалната мрежа Х.

Пактот за миграција и азил предвидува правила за управување со приемот и преселувањето на барателите на азил.