Николоски: Да се намали акцизата на горивата за 50%!
„Оваа власт е таа власт која што континуирано ја зголемуваше акцизата на дизелот и бензинот и затоа меѓудругото расте цената на дизелот и на бензинот. Ние бараме акцизата да се намали на 50 проценти, понатаму бараме наместо 5 проценти даночна стапка за храна да е нула проценти и бараме за парното да се намали на нула. И исто така да продолжи повластената постапка од 5 проценти која што е на предлог на ВМРО-ДПМНЕ за електричната енергија затоа што во моментот инфлацијата е веќе преку 7 проценти“.
Ова денеска го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Александар Николоски на тв Канал 5.