Николов: Како држава ја побркавме политиката за енергетската состојба, немаме државна стратегија

„Учествуваме во време кога сите се чудиме како дојде до вакво зголемување на цените на металите, на бакарот, на никелот, а тоа не значи дека се зголемува профитот. Сите цени во Европа енормно се зголемуваат. „Бучим“ до почетокот на годинава месечно плаќаше за електроенергија 500.000 евра, а сега цената на истото количество е 2 милиони евра“ – вели Николајчо Николов – доскорешен менаџер во „Бучим“.

Николов смета дека „живееме во нестабилно време и тешко може да се прави согледлива економија, мора од ден на ден да се снаоѓаме“.

Тој смета дека со долгото траење на пандемијата се очекуваа економските последици, а Европа и светот не беа подготвени за долгорочна борба.

„Енергетски моравме да очекуваме дека 2021 година ќе биде многу тешки економски за нашата држава, ние и како држава не водевме доволно мерки за да ги согледаме проблемите. Во рударската индустрија немаше олеснителни мерки, но и таму каде државата даваше мерки, ситуацијата не е подобрена“ смета Николов.

„Како држава, ја побркавме политиката за енергетската состојба. Мислам дека многу паушално решаваме некои проблеми, немаме државна стратегија“ смета тој.

https://youtu.be/G65yQCRFC7Q