Никола Јокиќ – третпат МВП во НБА

Српскиот кошаркар – Никола Јокиќ по третпат е избран за МВП во НБА-лигата.

Јокиќ доби вкупно 926 поени, а зад него заврши Шеј Гилџес-Александер со 640. На третото место беше Слобенецот, Лука Дончиќ со 566 бода.

По третпат во последните четири години Јокиќ го добива ова признание. Минатата сезона Џоел Ембид беше прогласен за најкорисен кошаркар во лигата.