„Наскоро ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова ќе работат за европска перспектива на Скопје“ рече Радев

Претседателот на соседна Бугарија, Румен Радев изјави дека „наскоро ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова и партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за европската перспектива на Скопје“.

„Секогаш сум ја поддржувал европската интеграција на Република Северна Македонија, но во согласност со принципите на добрососедство и пред се’ Копенхашките критериуми за членство. А тоа би значело промена на Уставот и почитување на правата на македонските Бугари“ – вели Радев.

Тој напомена дека во изборната кампања се разгорел говорот на омраза кој треба да запре, а потенцираше дека и натаму е неопходна ревизија на учебниците, почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство.