(Не)извесна е посетата на бугарскиот премиер Петков на Скопје

Датумот за посетата на бугарскиот премиер на Скопје не е фиксирана. Од кабинетот на Петков за „Трилинг“ не исклучуваат да дојде до мало пролонгирање на доаѓањето што ќе зависи и од здравствениот билтен на премиерот и членовите на бугарска делегација.

„Зачудени сме што македонското МНР објавија дека премиерот Кирил Петков сигурно на 18-ти јануари ќе допатува во Скопје, иако договорот беше да сочекаме да заврши изолациониот период. Премиерот Петков во карантин треба да биде до петок, па потоа дефинитивно и официјално ќе потврдиме дали посетата ќе се релаизира во вторник или ќе има мало поместување“ – брифираат бугарски дипломатски извори вклучени во подготовката на првата посета на Петков по неговиот избор за претседател на бугарската Влада за порталот „Трилинг“.

Извори за порталот „Трилинг“ брифираат дека Владата во Софија во наредниот период ќе иницира интензивирање на контактите со власти во Скопје во повеќе сфери за да се врати нарушената доверба, додавајќи дека не треба да се гаат илузии дека за кратко време ќе се решат проблемите.

МНР синоќа брифираше дека бугарскиот премиер сигурно доаѓа во вторник на 18. јануари како што првично беше договорен терминот за првата средба на двајцата нови премиери. Во меѓувреме одделни медиуми објавија дека во Скопје можеби ќе допатува владината делагација од Софија, без премиерот Петков

Инаку бугарскиот премиер е изложен на критики од дел од домашната јавност вклучувајќи ја и екс-шефицата на дипломатија, Екатерина Захариева дека избрзал со изборот тој да патува за Скопје.