На 7 и пол години затвор за обид за убиство, бил осуден Сипкоски кој се разнесе во Белград

На седум и пол години затвор, во јуни годинава, бил осуден 21-годишниот Мартин Сипковски, момчето од Скопје кое на 1 октомври беше пронајдено мртво, откако било разнесено од експлозив во стан во Белград.

На седум и пол години затвор, во јуни годинава, бил осуден 21-годишниот Мартин Сипковски, момчето од Скопје кое на 1 октомври беше пронајдено мртво, откако било разнесено од експлозив во стан во Белград.

Од Скопското обвинителство информираат дека тој се гонел за обид за убиство и бил осуден.

-Основното јавно обвинителство Скопје против осомничениот поведе истрага за кривично дело – Убиство (во обид) извршено на 15.09.2024 година во зграда на булевар “Јане Сандански”, при извршен напад со нож на едно лице, а надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје веднаш по лишување на осомничениот на 29.09.2024 година поднесе предлог за определување мерка притвор. Прифаќајќи дел од аргументите на одбраната, пред се во поглед на личноста на обвинетиот, судијата на претходна постапка не го прифати предлогот на обвинителството и определи мерка куќен притвор и привремено одземање на патната исправа. Надлежниот јавен обвинител го обжали ваквото решение, но жалбата беше одбиена, велат од Обвинителството.

Потоа било поднесено обвинение, а во јуни месец била донесена и пресуда.

-На 26.12.2024 година, по спроведена истрага, ОЈО Скопје поднесе обвинение за кривично дело – Убиство (во обид), а по спроведена судска постапка, на 03.06.2025 година обвинетиот е огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од 7 години и 6 месеци, при што со одлука на Судот мерката куќен притвор е продолжена до правосилност на пресудата, појаснуваат од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека Обвинителството не било известено дека осудениот е во бегство.

-Мерката куќен притвор ја определува Судот, а надзорот на нејзиното извршување го доверува на МВР. Доколку МВР утврди прекршување на таа мерка, за тоа го известува Судот. Согласно тоа Јавното обвинителство во ниту еден момент не е известено за недостапност на обвинетиот, додека на 25.09.2025 година СВР Скопје-БЈБ доставило известување до Судот дека лицето не е пронајдено во неговиот дом, по што Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука да ја укине мерката куќен притвор и да определи ефективен притвор за обвинетиот.
Инаку, против осомничениот се активни постапки и за кривични дела – насилство, предизвикување општа опасност и разбојништво, во рамките на кои се поднесени уште две обвиненија кои се во судска постапка, велат од Обвинителството.