
Нафтата падна под 77 долари за барел
Цените на нафтата денеска забележаа сериозен пад на светските пазари, откако САД и Иран потпишаа меморандум за разбирање што предвидува нормализација на поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец и постепено враќање на иранската нафта на меѓународните пазари. За помалку од 48 часа нафтата поевтини за повеќе од 10 долари по барел.
Цените на нафтата денеска забележаа сериозен пад на светските пазари, откако САД и Иран потпишаа меморандум за разбирање што предвидува нормализација на поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец и постепено враќање на иранската нафта на меѓународните пазари. За помалку од 48 часа нафтата поевтини за повеќе од 10 долари по барел.
На лондонската берза цената на барелот се спушти под 77долари и изнесуваше 76,5 долари, додека на американскиот пазар барелот се тргуваше за 72,9 долари. Аналитичарите предвидуваат дека ваква тенденција на „спуштање“ а вредноста на нафтата да продолжи и во наредните денови.
Меморандумот беше потпишан од американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на Г7 во Париз и од иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во Техеран. Според документот, САД ќе започнат со укинување на поморските ограничувања за иранските пристаништа, додека Иран ќе овозможи постепено и безбедно отворање на Ормукиот теснец теснец за меѓународниот поморски сообраќај.
Според предвидената динамика, процесот треба да биде завршен во рок од 30 дена, што би значело целосна нормализација на транзитот до средината на јули.
Пазарите позитивно реагираа и на информациите дека иранските танкери веќе почнале да минуваат низ теснецот, како и на очекувањата дека извозот на иранска нафта повторно ќе достигне значителни количини. Пред почетокот на воените судири, Иран извезуваше повеќе од три милиони барели дневно, најмногу кон Кина.
Дополнителен притисок врз цените создадоа и проценките на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), според кои глобалната побарувачка за нафта оваа година ќе ослабне за околу 1,1 милион барели дневно.
Од ИЕА предупредуваат дека стратешките резерви на земјите членки на ОЕЦД се на најниско ниво од 1990 година, но оценуваат дека евентуалната целосна нормализација на извозот од регионот на Персискиот Залив би можела значително да ја стабилизира состојбата на енергетските пазари.