Наместо смирување на страстите, разгорува конфликтноста во односите Софија-Скопје

Акциите и методите на Студената војна ги замрзнуваат односите меѓу Софија и Скопје.

Принципите на реторзија, на осветништво, се појавија во билатералните односи во Македонија, како претседавач со ОБСЕ. Но и во Бугарија, како членка на ЕУ и НАТО што ја пропушта шансата да стане ментор за европската перспектива на својот сосед и стабилизацијата на регионот.

Претепан етнички Бугарин, Македонија е бугарска, забрана за влез кон Скопје, персона нон-грата, повлечен бугарскиот амбасадор, замрзнати заеднички проекти.

Недостига уште економска блокада и влегуваме во пат позиција на патриотско-националистичка реторика на нетрпеливост, во која руското замешетелство најдобро функционира. Како во времето на Сталин.

Непријателскиот дух излезе од архивите на најмрачниот период на шеесетите во односите меѓу двете држави.

Пендаровски и Радев со копи пејс на политиките на Тито и Живков.

Наместо европски политичари, сведоци сме на ригидни државници и политичари што се додворуваат на внатрешните национал-патриотски сили.

Наместо смирување на страстите – разгорување на конфликтноста.