Над 500 луѓе во Црна Гора ќе останат без работа – се гаси Комбинат за алуминиум

Од комбинатот за алуминиум во Црна Гора најавиле постепено затворање на оддели во електролиза, но можно е да дојде до целосен прекин на производството на алуминиум од 15. декември поради високите цени на струјата од 1. јануари идната година, објавија тамошните медиуми.

Комбинатот сега ја плаќа струјата по цена од 45 евра за мегават, плус ДДВ, а последните месеци цената на меѓународните берзи достигна цена од 250 евра за мегават.

Електростопанство на Црна Гора не се подготвени да трпат загуби, оти самата набавува дел од увезената струја, поради што на Комбинатот и дале понуда за следната година од 183 евра за мегават, што Комбинатот не може да го издржи, јавуваат тамошните медиуми.

Комбинатот, според информациите, нема да може да работи со новите цени на струјата, па најверојатно ќе ја затвори компанијата, а 500 луѓе ќе останат без работа.