Професор Никица Мојсоска-Блажевски, директор на „Македонија 2025″ истакна дека војната во Украина донесе големи последици во целиот регион и во Македонија и тоа доведува до пораст на цените на енергенсите и храната.
– Има и индиректни ефекти како таа неизвесност и не знаеме како ќе реагира ЕУ и кои санкции треба да се воведат. Во такви услови реално е планиран буџетот – вели Мојсоска-Блажевски.
Сумата од одвоени 250 милиони евра за санација и ублажување на последиците од кризата е условено со движењето на цената на струјата на меѓународните пазари и желбата на Владата да ги заштити граѓаните со интервенции.
– На тој пазар се малите компании кои користат субвенционирана енергија и цената ќе зависи од случувањата на цената на струјата на меѓународните пазари – вели Мојсоска-Блажевски.