Алити: Имаме политизирана администрација и нетранспарентни институции

Адмирим Алити – министер за информатичко општество и администрација вели дека се решителни по однос на реформите да ги направат зошто се нужни за државата, особено е важно администрацијата да се деполитизира.

– Имаме политизирана администрација и во некои одредени сектори имаме проблеми во давање добри услуги на граѓаните и институции кои не се транспарентни и работата на експертите од Македонија и ЕК беше да се констатираат тие проблеми – вели Алити.

Тој посочи дека со новите законски решенија сакаат тоа да се подобри и администрацијата да се деполитизира во системот на вработување да има мерит систем, каде најдобриот кандидат ќе биде избран и се решителни во тоа.

Во поглед на системот на реорганизација, рече дека секоја институција треба да се стави под некое министерство.

– Законот за реорганизација на институциите е од 1991 и оттогаш не е сменето ништо, а сме имале многу институции кои се додадени и такви од кои нема додадена вредност и за кои експертите велат дека треба да се укинат и тука сме решени да ги укинеме таквите институции – вели Алити.

Министерот вели дека ќе мора да се отворат нови институции и како министерство креираат политики.

Имаат платформи кои се употребуваат од многу други државни институции. Идејата е само креирањето на политики да остане во министерството, во делот на оперализација.