Мицкоски: СДСМ и ДУИ сега ќе одговараат за криминалот и корупцијата од првиот до последниот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одржа прес-конференција каде што објави голема победа и на парламентарните и на претседателските избори.

„Успеавме, успеавте. Македонија победи. Историска победа на народот. Победи Македонија која е на Македонците, Албанците, Турците, Србите, на Власите, на муслиманите, атеистите, на гордиот народ. Падна владата, и има причина за тоа. Криминалот, корупцијата, одземената држава, тендерите, непотизмот, и уште 100 други последици кои направија државата да страда, а народот да е разочаран. Вечерва конечно се поразени. Поразени се и предавствата, поделбите, тие 100 луѓе од ДУИ и СДСМ кои мислеа дека се господари на нашите животи. Нив денеска ги боли главата, има и зошто. Ќе одговараат до последниот, секој кој направил криминал и спровел корупција, одговорност мора да има која ќе се темели на правда и закони. Поразен е и бојкотот на ДУИ. Ова на нашата победа дава посебно задоволство. Народот покажа дека нема да дозволи поединци да создаваат кризи, и преку институции да се штитат себе си, кажа Мицкоски во своето обраќање.