Вучиќ и ја честиташе победата на новата претседателка на Северна Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија.

„Им честитам на Гордана Силјановска Давкова за нејзиниот избор за претседател на Северна Македонија и и посакувам успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија со цел на напредокот и благосостојбата на нашите народи, како и на просперитетот на целиот регион“, изјави Вучиќ на платформата Икс.

Противничкиот кандидат од СДСМ, Стево Пендаровски, го призна поразот во вториот круг од изборите.