
Мицкоски од Струмица: Ќе има промени – на некои фотелјата им станала помила од контактот со народот
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски критикувајќи ги политичките противници рече и дека партијата била под жесток политички прогон во 2017, 2018 и на почетокот на 2019 година, како, како што кажа имало предлози од челници на СДСМ за укинување на акронимот ВМРО со закон.
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски критикувајќи ги политичките противници рече и дека партијата била под жесток политички прогон во 2017, 2018 и на почетокот на 2019 година, како, како што кажа имало предлози од челници на СДСМ за укинување на акронимот ВМРО со закон.
“Замислете во 21. век. Но, еве, осум години подоцна, историјата е добра учителка, треба само да се постави прашањето каде се тие, каде е ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО е име што се памети. Име што носи тежина.
Име што буди чувство. Име натопено со солзите на генерации борци. Со денешен речник кажано, ВМРО е најголемиот политички македонски бренд. Создаден од историја. Од борба. Од болка, Од жртва. Од верба и од љубов кон татковината. ВМРО е идеја што трае“, рече лидерот на партијата.
Во обраќањето тој се осврна и на претстојната реконструкција на Владата, порачувајќи дека сите отстапувања прецизно ги нотира, дека ќе има промени, како и дека нема да толерира занес во привилегиите што ги нуди власта.
Порача дека од утре ќе почне да работи на оваа тема, откако во партијата привршуваат со екипирањето и промените со над 30 проценти нови претседатели на комитети, а, како што наведе ќе следуваат и нови претседатели на Унијата на жени и на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Говорејќи на оваа тема, тој рече дека многу прецизно го детектира и следи феноменот на скршнувања од она што треба да биде кодекс на однесување на Владата, посочувајќи дека има и такви на кои фотелјата и станала помила од контактот со народот.
„Добивам поплаки дека дел од министрите и директорите се недостапни за народот, а има и такви на кои приватните патувања им станаа помили од посетата на селата и градовите. Заборавија од каде дојдовме и како започнавме“, рече Мицкоски.
Во тој контекст, рече дека тој пред осум години почнал токму од Струмица, кога станал претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш, рече ги посетувал месните комитети со еден партиски автомобил, кој неретко се расипувал, со една наследена и истрошена камера и со двајца-тројца луѓе околу него. Но желбата за успех, додаде, била голема.
„И ова е порака дека нема да толерирам занес во привилегиите што ги нуди власта. Ние сме овде да му служиме на народот. Чистиот образ тешко се одржува, а лесно се губи. Кога јас можам да одговорам во текот на денот на стотици луѓе, сигурен сум дека тоа го може секој министер или директор. Да, не е лесно, но на народот му е потешко и не сакам изговори. Моите соработници ми велат:
‘Претседателе, многу сте меки во вашиот карактер’. Точно е. Јас на човек скоро и да не сум му повишил тон. Мојот праг на толеранција е огромен, кон секого се однесувам со почит и разбирање, што е и моја домашна култура, но тоа не значи, никако не значи, дека сум наивен и дека ќе толерирам несовесност и скршнување од принципите“, рече Мицкоски.