Мицкоски најави надомест за штетите

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека надлежните институции ќе ги надоместат штетите кои ги предизвика вчерашното невреме во земјата.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека надлежните институции ќе ги надоместат штетите кои ги предизвика вчерашното невреме во земјата.

– Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш по епското невреме кое што вчера го зафати Скопје излегоа на терен и ги санираа штетите заедно со институциите кои што се во нивна надлежност. И денеска ќе продолжат. Навистина подготовката од нивна страна и мотивацијата беше голема, штетите ќе се констатираат и согласно закон, искуство и пракса од минатото ќе биде од страна на надлежните институциите сето тоа рефундирано.

На прашањето дали Владата има механизми за помош во овој случај, Мицкоски рече:

– Апсолутно, како и во секоја елементарна непогода.

По вчерашното невреме во Скопје лекарска помош побарале 33 лица на Ургентниот клинички центар и на Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Оштетени се и објекти на државни институции.