Мицкоски: Бугарија не е подготвена на реципроцитет!

Бугарија не е подготвена на реципроцитет и да го признае македонското малцинство, а од нас бара вклучување на бугарското малцинство во македонскиот Устав“. Ова денескака го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на гробот на Гоце Делчев по повод 150 години од неговото раѓање.

„Споменаа тоа што го кажаа и во јавноста за промена на Уставот и да биде вклучен дел од бугарскиот народ, незначително бугарското малцинство во Уставот, а за тоа не се подготвени на реципроцитет на за значителен дел од македонскиот народ кој живее кај нашиот источен сосед“ – истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Бугарија исто така не е подготвена да ја тргне понижувачката фуснота за македонскиот јазик и да признае дека е засебен и различен од бугарскиот, но и го злоупотребува членството во ЕУ за да ја уценува Македонија за да прифати заедничка историја.

„Сакаат да се обидат и да ја злоупотребат положбата што се членка на ЕУ да не натераат да прифатиме дека од среден век од првото бугарско царство се до 1945 година имаме заедничка историја и сме биле еден народ Бугари. Тоа нема никогаш да го прифатиме“ – потенцираше Мицкоски.