Бројни делегации положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Бројни делегации положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје – по повод одбележувањето на 150-годишниот јубилеј од неговото раѓање.

Венци положија и се поклонија петседателот Стево Пендаровски, делегација на Собранието предводена од потпретседателот Горан Мисовски во состав Марија Георгиевска и Велика Стојкова-Серафимовска, владина делегација составена од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски.

На гробот на Гоце Делчев цвеќе положија и претставници на Армијата, делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски, на Светскиот македонски конгрес, на Матицата на иселениците, на општини, здруженија и граѓани.

Цвеќе на гробот на Гоце Делчев во 13 часот во Скопје ќе положат и делегации од Бугарија. Бугарската делегација во земјава ќе ја предводи шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска, која ќе положи цвеќе на централната свеченост по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, заедно со македонската министерка за култура Бисера Костадинова Стојчевска и заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки.

Во состав на бугарската делегација ќе бидат и заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова и претседателот на парламентарната комисија за култура Тошко Јорданов.