„Дијалогот е единствен пат на решение за споровите меѓу Косово и Србија“

Мемли Красниќи – лидерот на опозициската Демократска партија на Косово вели дека го поддржува дијалогот со Србија, бидејќи нема друга алтернатива за решавање на споровите и нормализирање на односите меѓу двете држави.

Тој синоќа за телевизијата АТВ рече дека меѓусебното признавање со Србија треба да се случи „без да се повреди Уставот на Косово и со заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата“.

„Ставот и пристапот на ПДК во однос на дијалогот останува константен и непроменет, и кога ја имавме одговорноста на владеење со државата и сега, кога сме во опозиција, веќе две години. Ние веруваме дека дијалогот е механизам без алтернатива за да се постигне сеопфатно решение за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, што ќе резултира со меѓусебно признавање меѓу нашите две држави, секогаш во рамките на постоечкиот уставен поредок и на нашиот суверенитет и територијален интегрите“ – изјави Красниќи.