Мистер Хепи Фејс е избрано за најгрдо куче во САД
На натпревар за избор на најгрдо куче во САД победи чивава-мешанец по име Мистер Хепи Фејс („Среќно лице“).
Натпреварот се одржал во Петалума, Калифорнија, а сопственичката Џенеда Бенали и нејзиното милениче ја освоиле главната награда од 1.500 долари и патување во Њујорк.
Американката која живее во Аризона, го вдомила ова куче пред 10 месеци. Таа инаку барала куче кое има најмалку шанси за вдомување.
Хепи Фејс бил запоставен, а и денес, на 17 години има тумори и невролошки проблеми, носи пелени и се бори да оди исправено.