Борел бара ЕУ да се се откаже од принципот на едногласност

Жосеп Борел – шефот на европската дипломатија изјави дека ЕУ треба да се откаже од принципот на едногласност, што ја спречува да носи важни одлуки откако проширувањето се врати на дневниот ред на Унијата. Тој имаше авторски текст за резултатите од минатонеделниот самит на лидерите на ЕУ, јавува „Анадолија“.

„Како што го поттикнуваме проширувањето на ЕУ, така треба да направиме сличен напор за реформирање на ЕУ и нашето одлучување. Затоа што проширената ЕУ треба да може полесно да дејствува. Тоа значи и стеснување на опсегот на правилата за консензус во надворешната политика и другите области и донесување повеќе одлуки со квалификувано мнозинство“ – напиша Борел.

Истакна дека на ЕУ и требаше еден месец за да го прифати шестиот пакет санкции против Русија на крајот на мај, но некои од точките договорени во Советот (како што е санкцијата за патријархот Кирил на Руската православна црква) не може да се рефлектирана во финалниот пакет.

„Искусивме слична динамика во почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, при што една земја (Бугарија) блокираше одлука што сите други би можеле да ја прифатат“ – рече Борел и посочи дека системот на едногласност има негативни последици за кредибилитетот и ефикасноста на ЕУ.

Тој изјави дека идејата за „европска политичка заедница“ на францускиот претседател Емануел Макрон била прифатена од сите лидери на самитот.