Министерка за вакцини во Британија: Заболените се со поблаги симптоми, нетребаат рестриктивни мерки

„Лицата инфицирани со Ковид-19, кои се хоспитализирани имаат помали симптоми од претходно и поради тоа нема потреба од воведување на дополнителни рестриктивни мерки“. Ова е ставот на британската министерка за вакцини и јавно здравје – Меги Троуп. Таа смета дека бројот на луѓе кои се на болничко лекување е околу двојно помал од пред една година, што ја покажува ефикасноста на вакцините.

И британскиот премиер Борис Џонсон беше против воведување ригорозни мерки во Англија пред Нова година и покрај тоа што сојот Омикрон предизвика рекордно зголемување на бројот на заболени.

Зголемениот број на заразени доведе до нарушувања во многу сектори поради самоизолација на работниците.