МЗТ Скопје Аеродром само со теоретски шанси за опстанок во АБА лигата

МЗТ Скопје загуби против Игокеа и во „Јане Сандански“ со 78-84 во рамки на 22.коло во АБА-лигата. Опстанокот во елитното регионално натпреварување сега е само теорија, бидејќи до крајот на регуларната сезона остануваат уште четири кола, а нашиот шампион е закован на дното на табелата.

Натпреварот беше крајно неизвесен три четвртини.

Двата тима наизменично се менуваа во водството, кое не беше поголемо од шест поени. Сепак, Игокеа најголемиот чекор кон победата во Скопје го направи во последниот период и тоа на неколку минути до крајот.

Страхиња Мичовиќ со 18 поени беше најефикасен кај македонскиот шампион, Дастин Вер имаше еден помалку, а Војдан Стојановски постигна 15 поени.

Кај гостите, Стефан Џорџевиќ имаше 19 поени.

МЗТ останува на дното на табелата во АБА со скор од четири победи и 18 порази, додека Игокеа има 7-14.

Во следното коло, идната сабота, МЗТ му гостува на Борац Чачак, кој има само една победа повеќе од нашиот тим, но утре игра со Мега во рамки на ова 22.коло.