Меџити: Владата нема резултати, а ДУИ ќе го плати цехот и сега, и на наредните избори

„Имаше очет од министрите, ние сработивме и ревизија од отчетот, според бројките резултатите не се ни малку задоволувачки, очекуваме тоа да се одрази. Ќе бараме тие што немаат резултаи да отстапат место на други, поенергични. Прв човек е Артан Груби, тој е прв на удар“ – вели Изет Меџити, пратеникот од ДУИ, еден од главните критичари на Артан Груби во најновото издание на Трилинг.

За евентуалното коалицирање со Алијанса на Албанците на Таравари во Владата тој смета:

„било каква влада ќе е задоволна ако опстане и ја помине кризава со помали последици. Не знам колку е паметно АА да влезе сега во Влада. Во однос од наша димензија, нема моментум за да влезе Алијанса во владата, има стабилно мнозинство, 64 пратеника. Останува дека ова е само иницијатива на ДУИ, но треба да се има предвид дека ова нема никаква врска со интеграцииите, далеку е бројката од 81. Пратениците Албанци историски е докажано дека немаaт дилеми околу стратешките прашања. Се трга маглата и се гледа да се задржи овој владин состав, да се спаси и покрај тоа што нема резултати, цехот за ова ќе го плати и сега и на наредните избори“.

„Ние ќе се придржуваме до демократските алатки во партиските органи, врз основа на ова ќе има јасна слика кон што се движи ДУИ. Сакаме да докажеме дека тие тела се реални. Во спротивно ќе мора да посегнеме по фракционерство, различно размислување. Не се работи за интегративни процеси, ќе се сведе на дневна политичка база“ вели Меџити.

Тој вели и дека „во политиката многу е битна перцепцијата. Има тенденција дека Албанците зазеле битни позиции, напротив јас сметам дека има голем напредок, но не се согласувам дека ДУИ зазела видни позиции. Во многу битни државни институции кои ги креираат владините политики, МВР, АНБ, Царина, УЈП, банкарскиот систем, далеку сме од тоа дека сме многу влијателни во овие области, многу малку сме присутни во овој дел“.