Путин: Нема потреба за дополнително регрутирање војници

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека не е потребно дополнително регрутирање војници во рамки на делумната мобилизација, пренесува РИА Новости.

Во текот на состанокот на претседателот на Русија и мајките на војниците кои учествуваат во специјалната воена операција во Украина, а на констатација на една жена од Красондар дека има четири сина, и двајца од синовите и сопругот учествуваат во специјалната воена операција како доброволци, Путин ја појасни ситуацијата.