Метју Лосон: Политички неодговорно е да велиш дека си за НАТО и ЕУ, а да си против Преспанскиот и договорот со Бугарија

Новиот амбасадор на Обединетото кралство во Македонија Метју Лосон во интервју за Трилинг истакна дека Британија полека се соочува со завршувањето на една ера на владеењето на Елизабета Втора и соочувањето со можниот референдум во Шкотска.

– Таа беше инспирација за нашиот народ и ја почитувавме како мајка, кралица и водач. Не се сомневам дека монатрхијата ќе опастане во иднина. За нас таа и кралското семејство претставува чувство на континуитет. Кралското семејство е омилено и тоа можеше да се види на погребот. Во однос на Комонвелтот, важно е да се запамети дека има многу заеднички врски.  – рече Лосон.

Амбасадорот истакна дека го научил за брзо време јазикот. Во врска со односите на Македонија со Англија вели дека имаме одлични билатерални односи и е горд што Македонија ја смета Англија за добар и веродостоен пријател.

– Среќни сме што сте членка на  НАТО и имаме одлични трговски врски со програма за помош на вашата влада за спроведување реформи за подобри услуги на граѓаните и мислам дека имаме заеднички вредности. – вели Лосон.

Во однос на Брегзит и идејата на Макрон за нова политичка заедница во која би членувале земји кои се уште не се влезени во ЕУ.

– За идејата за Европската политичка заедница , ние сега имаме нова влада и нов премиер и тоа се разгледува во моментот, каква ќе биде нашата интеракција со тоа. Ние рековме дека го поддржуваме каков и да е суверениот избор на вашата земја и во овој случај мнозинството граѓани и владата се решени за членство во ЕУ и ние го поддржуваме тој пат. – рече Лосон.

За руската инвазија вра Украина вели дека тоа ќе има големи последици и Кралството застанало покрај украинскиот народ и посветени се не само на сопствената безбедност, туку и како дека од НАТО Алијансата. Војната доведе до голем број на економски проблеми, земјите се соочени со висока инфлација, со недостаток на енергенси и економските последици ќе влијаат насекаде како што е цената на гасот, струјата, храната. Владата на Англија веќе излезе со серија мерки како поддршка на економијата во текот на зимата. Тоа вклучува и  поддршка за сметките за струја за малите и средните претпријатија.

Во однос на скринингот, вели дека реформите кои се бараат од нас како дел од процесот на ЕУ, вели дењка тие се важни реформи за доброто на земјата и нивна идеја е да ја направат земјата пофункционална и поефикасна, а тоа е клучен дел од процесот.