Мајсторовиќ: ЕУ го изгуби кредибилитетот преговорите за членството е процес кој ќе трае

Срѓан Мајсторовиќ од Центарот за Европски политики во Србија истакна дека со избивањето на украинската криза Европа геополитички почнува да гледа на регионот на Западен Балкан и кризата же има големо влијание врз процесот на проширувањето на ЕУ.

– Треба да се биде реалистичен во проценките и тоа проширување нема да се случи прену ноќ, дека ќе биде брзо и со некакви кратенки. Потребно е тој процес на интерграции на кандидатите да се смени и да се направи поефикасен и на тој начин да се анимира јавноста дека повторни дејата за еврипеизација и менувањето во тој процес на пристапување кон ЕУ, да добива на поипуларност. – вели Мајсторовиќ.

Она што кризата во Украина и го носи на Европа е една нова геополитичка реалност која ќе ја креираат заеднички ЕУ и државите на Западен Балкан, односно дека некоја идна ЕУ, својата идна мисија ќе мора да ја заснова на фактот дека во својот состав ќе има повеќе членки, а државите од Западен Балкан се први на списокот за прием. Истакна дека руското влијание во Србија е големо.

-Присутно е преку инвестициите во секторот на енергетиката, трговијата со оружје во медиумите кое е многу проблематично. Не треба да се потценува, ниту прфеценува рускиот интерес во Србија. Тој е присутен онолку колку што тоа го сака српската влада. Влијанието има улога да и обезбеди “националистички“ легимитет на владејачката гарнитура, да се каже дека ние сме со Русите кои ги бранат нашите национални интереси во Советот за безбедност околу Косово, а истовремено тоа влијание се инструментализира од истата власт за на меѓународната јавност, на членките на ЕУ, на Вашингтон или Лондон да им се укаже дека нашпата власт прави се што е вво нејзина моќ, но Русите тука ни ја расипуваат ситуацијата. – вели Мајсторовиќ.

Вели дека Македонија има проблем со земја членка која сега ја злоупотребува положбата за да го отежне процесот на пристапување во ЕУ и дека договорот веројатно ќе остане единствен предуслов да се тргне напред. Проблемот на Софија и Косово се провлекува долги години и многу не се поместил, иако се постигнати определени спогодби, а нивната примена тешко се одвива. Тој и сугерира на македонската власта да се потпрат на стручната администрација и дека за тоа се потребни експерти.

-Тие да бидат анагажирани на подолго време за да се спроведат тешки реформи. Тој административно-финансиски капациет, плус политичката волја и јасната политичка орјентација се најдобрите препораки како да се биде поуспешен во процесот на ЕУ интеграциите. – вели Мајсторовиќ.