Киев: Анексијата ништо не менува, продолжуваме со ослободување

Денеска Путин потпиша одлука за анексија на четири окупирани источни украински региони и потоа ја повика Украина да го положи оружјето и да преговара.

„Со обидот да ги анектира украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, Путин се обидува да приграби територии кои физички не ги контролира ниту на терен“, напиша министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер.

„Ништо не се менува за Украина: ние продолжуваме да ја ослободуваме нашата земја и нашиот народ и да го враќаме нашиот територијален интегритет“, додаде тој.

Претседателот Володимир Зеленски претходно изјави дека Киев е подготвен да разговара со Русија, но не додека Путин е нејзин претседател.

Денеска Украина побара официјален прием во НАТО по забрзана процедура.