Нинџа признал дека им помогнал во бегството на Грујевски и Бошкоски

Осудениот на ниска казна за упадот во Собрание што се случи на 27 април, Александар Василевски Нинџа, пред судот признал дека му помогнал во бегството на поранешните разузнавачи, Горан Грујевски и Никола Бошкоски кои се осудени во предметот за масовното прислушување.

Од Кривичниот суд за „Фокус“ велат дека Нинџа е осуден на шест месеци затвор откако признал вина, односно признал дека сторил кривично дело „помагање на сторител при вршење на кривично дело“.