Новиот амбасадор на Обединетото кралство во Македонија Метју Лосон во интервју за Трилинг истакна дека Британија полека се соочува со завршувањето на една ера на владеењето на Елизабета Втора и соочувањето со можниот референдум во Шкотска.
– Таа беше инспирација за нашиот народ и ја почитувавме како мајка, кралица и водач. Не се сомневам дека монатрхијата ќе опастане во иднина. За нас таа и кралското семејство претставува чувство на континуитет. Кралското семејство е омилено и тоа можеше да се види на погребот. Во однос на Комонвелтот, важно е да се запамети дека има многу заеднички врски. – рече Лосон.
Амбасадорот истакна дека го научил за брзо време јазикот. Во врска со односите на Македонија со Англија вели дека имаме одлични билатерални односи и е горд што Македонија ја смета Англија за добар и веродостоен пријател.
– Среќни сме што сте членка на НАТО и имаме одлични трговски врски со програма за помош на вашата влада за спроведување реформи за подобри услуги на граѓаните и мислам дека имаме заеднички вредности. – вели Лосон.
Во однос на Брегзит и идејата на Макрон за нова политичка заедница во која би членувале земји кои се уште не се влезени во ЕУ.
– За идејата за Европската политичка заедница , ние сега имаме нова влада и нов премиер и тоа се разгледува во моментот, каква ќе биде нашата интеракција со тоа. Ние рековме дека го поддржуваме каков и да е суверениот избор на вашата земја и во овој случај мнозинството граѓани и владата се решени за членство во ЕУ и ние го поддржуваме тој пат. – рече Лосон.
За руската инвазија вра Украина вели дека тоа ќе има големи последици и Кралството застанало покрај украинскиот народ и посветени се не само на сопствената безбедност, туку и како дека од НАТО Алијансата. Војната доведе до голем број на економски проблеми, земјите се соочени со висока инфлација, со недостаток на енергенси и економските последици ќе влијаат насекаде како што е цената на гасот, струјата, храната. Владата на Англија веќе излезе со серија мерки како поддршка на економијата во текот на зимата. Тоа вклучува и поддршка за сметките за струја за малите и средните претпријатија.
Во однос на скринингот, вели дека реформите кои се бараат од нас како дел од процесот на ЕУ, вели дењка тие се важни реформи за доброто на земјата и нивна идеја е да ја направат земјата пофункционална и поефикасна, а тоа е клучен дел од процесот.