Месиќ: Србите го мразат Милошевиќ затоа што беше поразен во војните кои ги предизвика

Стипе Месиќ – екс-претседателот на Хрватска вели дека државите кои произлегоа од некогашна Југославија можеа да се осамостојат без војни и крвопролевања, но политиката на екс-српскиот претседател, Слободан Милошевиќ „беше таа која им предизвика трагедии на несрпските народи“ во регионот.

Месиќ рече дека имал големи судири со Милошевиќ, за кого вели дека е виновен за војните и трагедиите на просторите на поранешната заедничка држава.

Тој вчера при посетатат на Косово изјави дека „продолжуваат да го мразат Милошевиќ, но не затоа што ги предизвика сите крвави војни во регионот, туку затоа што во тие војни беше поразен“.

„Југославија можеше да се распадне без војна, меѓутоа шовинистичката политика на Милошевиќ беше таа која им предизвика трагедии на несрпските народи на овие простори. Тој мислеше дека ќе го излаже светот за „српската правдина“, но се излажа себеси и ги излажа Србите. Србите продолжуват да го мразат Милошевиќ, но не затоа што ги предизвика сите крвави војни во регионот, туку затоа што во тие војни беше поразен“ – изјави Месиќ.