15-годишник ги убил родителите и братот поради лошите оценки

Страшна вест доаѓа од Шпанија, од градот Аликанте.

15-годишник во вторникот си ги убил родителите и помалиот брат наводно во кавга поради слабите оценки.

Информациите од Шпанија се дека ученикот најпрво ја застрелал мајка си со ловечката пушка на татко му, по што го убил својот помал брат.

Таткото, според информациите на тамошната полиција, во тие моменти не бил дома, но откако се вратил по 2 часа, тинејџерот го убил и него.

Полицијата информира дека тинејџерот ги сокрил телата во блиската барака, а во куќата останал 3 дена.

Подоцна го признал делото.

Наводно, причина за ова злосторство е кавга на момчето со родителите оти му забраниле пристап на интернет поради слабите оценки што ги имал.

Тинејџерот е во притвор – истрагата трае.