Мајмунските сипаници стигнаа и до Словенија

Прв потврден случај на мајмунска сипаница во Словенија кај пациент кој во понеделникот не бил хоспитализиран на Инфективната клиника.

Се работи за маж кој се вратил од Канарските острови, а Словенечкиот национален институт за јавно здравје се очекува денеска да соопшти повеќе информации.

Инаку, досега во Европа се регистрирани над 100 случаи. Во Македонија нема пријава.

Нашите здравствени власти смируваат дека Ковид 19 е многу поопасна болест од мајмунските сипаници.

За сипаниците постои вакцина, но и лекови со кои во голем процент лечењето е успешно.

Светската здравствена организација не верува дека појавата на мајмунски сипаници надвор од Африка бара масовни вакцинации.