Наредба за апсење на Виктор Јанукович – обвинет е за предавство

Судот во Украина нареди да биде уапсен екс-украинскиот претседател Виктор Јанукович. Обвинет е за предавство.

Јанукович, кој беше претседател на Украина од февруари 2010. до февруари 2014. Година побегна во Русија, а обвинувањата се дека тој соработувал со Федерацијата и во времето кога бил шеф на украинската држава.

Јанукович беше осуден на 13 години затвор за предавство, поради блиска соработка со Владимир Путин, од кого побара руската армија и полиција да воспостават ред во Украина.

Сега тој е обвинет за предавство поради договорот што го потпишал во 2010 година попознат како Харковски пакт, а кој беше поврзан со продолжување на руската контрола врз Крим.