Мбапе остана во ПСЖ, ама не било поради парите!

Килијан Мбапе – францускиот фудбалски репрезентативец и напаѓачот на ПСЖ првпат се огласи по продолжувањето на договорот со тимот од Париз и долгонајавуваниот трансфер во Реал Мадрид кој сепак пропадна.

Францускиот првак му понуди плата од 50 милиони евра по сезона и 100 милиони евра бонус за потпис на договорот.

Мбапе вели дека не останал во ПСЖ поради парите, и тажен е што сите мислат дека се решил да потпише нов договор токму поради тоа.

„Тажен сум затоа што се зборува за парите. Никогаш не сум зборувал за парите, туку за фудбалот, титулите, важните натпревари. Луѓето може да кажат што сакаат, но јас не сум таков. Разговарав со луѓето од Реал Мадрид, со луѓето од ПСЖ и знаат дека во разговорите со Перез и со Ел Келафи никогаш не беа тема парите. Можеби со тоа се занимаваше мојот адвокат и мојата мајка, но јас не. Јас зборувам на теренот. Парите одат на моја сметка, но им посветувам малкуј внимание. Тука сум да освојувам титули, да покажам дека сум најдобар на светот и да бидам среќен“ – рече Мбапе.

Го посочи и францускиот претседател Емануел Макрон како еден од „виновниците“ поради кои решил да остане во „градот на светлината“.

„Тоа е нешто посебно, никгоаш не мислев дека ќе зборувам со таква личност поради нов договор. Неверојатно е да се разговара со него и со тие важни луѓе. На крајот одлуката беше моја, но сите ми дадоа добри совети. Останав затоа што следува нов проект, нова ера на ПСЖ и мислам дека донесов добра одлука“ – изјави Мбапе.