
Масовен напад на Москва со ракети и беспилотни летала врз Одеса
Најмалку 12 лица се повредени во масовен напад со ракети и беспилотни летала врз Одеса, соопшти началникот на воената управа на Одеса, Сергеј Лисак.
Најмалку 12 лица се повредени во масовен напад со ракети и беспилотни летала врз Одеса, соопшти началникот на воената управа на Одеса, Сергеј Лисак.
Лисак изјави дека во нападот е оштетена повеќекатна станбена зграда, а на повредените им е укажана неопходната медицинска помош, пренесува „Укринформ“.
На местото на ракетниот напад се ангажирани надлежните служби и формиран е оперативен штаб за отстранување на последиците од нападот.
Според претходни информации, во рускиот напад врз Криви Рих во текот на ноќта загинало едно лице, а две се повредени.